Везеното цвеќе е дефинитивно моден тренд кој насекаде не следи последниве неколку сезони, така и оваа на фустани, блузи, здолништа и палта, а може да се најде и на торбие и ранците.
Инспирирани од природата модниот бренд Grav Grav од Истанбул создава уникатни и живописни торби, кои се направени од природни материјали како дрво, кожа, керамика и предиво.
Брендот се фокусира на чувството на припадност и е заинтересиран за создавање на магичен канал помеѓу жените и природата. Секоја текстура на дрво,има своја уникатна приказна и ја отелотворува душата на природата.
Grav Grav го употребува дрвото како простор за олицетворение на уметнички предмети и модели, фокусирајќи се на материјалната индивидуалност. Колекциите се изработени во Истанбул, со користење на природни материјали.