Пред се, терасата или балконот треба да се исчистат од нередот и се исфрлат непотребните работи. Подобро е да направите простор за мала маса и столчиња и да создадете на балконот своја зона релаксација.
Погледнете ги овие неколку примери и инспирирајте се:
Ако постојат работи за кои не сте подготвени да им кажете збогум, од нив можете да направите украси за вашите потреби.
На пример, старите канти и корпи можат да се искористат како садови за растенијата. Од конзерви и шишиња можете да направите оригинални вазни за цвеќе.
Зеленчук, овошје, јаткасто овошје и бобинки можат да се користат за декорација, како и цвеќињата, кои во моментов го исполнуваат балконот со шаренило..
Перници, ќебиња, свеќи и свеќници – тоа се работи кои што ви се потребни за удобноста на балконот.
Стан кој не е доволно простран за работно катче? Направете мини канцеларија токму на балконот!
Големиот како и малиот балкон, можат да се претворат во удобен и модерен простор каде што секој ден ќе уживате во убавината!