Кога станува збор за женски чанти, ни се чини дека никогаш ги немаме доволно. И токму кога ќе помислиме дека сме обезбедени со доволен број на модели во различни големини и бои, стигаат новитети и некоја нова чанта за која копнееме повторно.
Токму таква е новата колекција на чанти Bancroft, потпишана од познатиот бренд Michael Kors. Од оваа модната куќа, која е препознатлива по совршените женски чанти ни доаѓа колекција на која ниедна дама нема да и одолее! Секое парче во оваа колекција има нешто уникатно, што ќе ве стави во размислување “Како можам да дојдам до еден од овие модели?”
Три форми доминираат во колекција – голема “tote”, среднa “tote ” и голема “satchel” торба.
Колекцијата на овие чанти е наменета за есен 2017 година, а заедно со чантите ќе биде достапна и колекција на паричници по цена од $ 395 долари. Останатите парчиња во колекцијата започнуваат со цени од $ 890 и $ 1.390 долари и може да се купат преку официјалниот сајт на Michael Kors.