1. За да го освежите изгледот на вашиот дом, извадете ги сите детали од полиците, конзолите, масичката за кафе и други парчиња на мебел и преместете ги. Со преместувањето на предметите, прво ќе се ослободите од оние парчиња што не ви требаат и само собираат прашина, a новите парчиња и детали со кои ќе го смените распоредот, ќе го освежат изгледот на вашиот дом.
2. Книгите секогаш изгледаат убаво и елегантно и внесуваат одредена топлина во секој дом. Можете своеволно да ги разиграте по боја, а со блиска тематика.
3. Сите знаеме дека цвеќињата, а посебно цветните аранжмани, не се најевтините детали во домот. Но затоа знаеме, дека неколку гранки полското цвеќе може да биде поефтино и поефектно.
4. Испразнете ги сите површни во бањата, а на видливо место оставете само неколку производи кои имаат убаво пакување.
5. Стилизирајте ја масичката за кафе. Започнете со нешто големо и убаво во средината, може да биде вазна со цвеќе, убав сад или скулптура која сте ја донеле од некое патување.
6. Завесите можат да направат многу во однос на уредувањето на просторот. Кога ги поставувате, ставете ги колку што е можно повисоко, на тој начин ќе добиете илузијата на големи прозорци и високи тавани.
7. Импровизирајте простор за седење во спалната соба. Ако имате екстра додатен стол или фотеља во дневната соба, префрлете ја во спалната соба, сместете ја некаде во ќош, за така просторот да изгледа поголем и полуксузен.