Пред некое време излезе трејлерот за документарниот филм AWAKEN. Филм кој ги обсервира комплицираните и едноставните врски на луѓето низ целиот свет, користејќи ја моќта на технологијата и убавината на природата.
Сниман веќе пет години, AWAKEN ги документира церемониите, приватните моменти и дневните ритуали на жители од триесет земји. Режиран од Tom Lowe (авторот на краткиот филм Timescapes), веќе буди високи очекувања за премиерата која ќе биде идната година.