Margeza e белгискo дизајнерско студио, коe беше основанo од страна на Margit и Geza, светски познат креативeн пар…
Во голема мера инспирирани од современата уметност, овој пар ја вклопи нивната страст и талент во креирање на голем број прекрасни станови во цела Европа, како за домашна, така и за привремена употреба.
Margeza неодамна го претстави својот најнов дизајн, станот на Szabo Ilonka Utca, кој се наоѓа во центарот на Будимпешта. Креиран во срцето на овој прекрасен град, овој стан нуди прекрасен поглед на реката Дунав и зградата на унгарскиот парламент, што е веројатно најдобро можно искуство од пространата тераса со sидови од тули.
Внатрешноста на домот е во бела боја, а модерниот стил им дава на домаќините совршени, празни површини кои овозможуваат простор за работа и прилагодување доколку некогаш помислат, повторно да го декорираат. Се разбира, станот е опремен со неверојатен избор на шарени вазни и аксесоари, на кои ниту еден обожувач на минимализмот не би можел да им одолее.