Дали се сеќавате на Wingback фотељата, која е дело на овој познат дизајнер?
Ако вашиот одговор е потврден и ако навистина знаете да ја цените нејзината специфична естетика, ќе ве воодушеви веста дека сега таа е достапна во нови верзии!
Нејзините претерани пропорции на крила и екстравагантни димензии, ви даваат можност да седнете потпрени удобно и да се дистанцирате од остатокот во собата. Благодарение на своите запрепастувачка кривини, Wingback фотељата е чест избор на дизајнерите и архитектите кои сакаат да создадат простор, кој во никој случај не е обичен.
Фотељата Wingback сега доби нов, лесен тапацир, кој идеално се вклопи во нејзините контури и линии кои ја прават елегантна, софистицирана и импозантна во секоја можна средина. Новиот тапацир може целосно да се прилагоди на вашите желби и стил кој го негувате.
Инаку, таа за прв пат беше претставена како една од неколкуте архетипски британски фотељи, дизајнирани за познатиот Shoreditch House Members Club во Лондон.
Денес, семејството на Wingback мебелот се состои од софи, столици, трпезариски столови, отомани и софи, а секое парче е создадено уникатно со впечатлива естетика која долго по првиот поглед останува во сеќавање. Погледнете и самите.