Во Хјустон, Тексас, се наоѓа луксузен имот кој бил изграден во 1980 година за саудискиот принц Абдулрахман бин Фајсал, а сега се продава за 20 милиони долари. Убавиот имот се наоѓа во областа Ривер Оакс и некогаш беше еден од најскапите во градот. Тој е целосно завршен во 1986 година, во време кога синот на кралот Фејсал се занимавал со недвижнини.
Пред десет години оваа куќа ја купиле Ниџат и Зејна Фарес, кои на раскошната куќа и го вратија стариот сјај, опремувајќи ја со најсовремени погодности и ја направија уште побогата. Убавата куќа има дури 9 спални соби, 11 целосно опремени бањи, 4 тоалети и посебен простор за сместување на персоналот.
Луксузниот дом има лифт за полесно движење низ прострот, винарска визба и гламурозна трпезарија каде може удобно да се сместат до 40 луѓе во исто време.
Идните среќни сопственици на овој имот ќе бидат во можност да уживаат во мастер апартманот во рамките на куќата, која исто така поседува теретана, сауна и парно купатило. Можеби ќе помислите дека нема поента да се напушти внатрешноста на таков прекрасен дом, но екстериерот е посебна приказна! Базен, бар, скара, фонтана, па дури и пица печка на дрва, го прават престојот во оваа куќа поудобен и поубав, па се чини дека овој дом, ќе го импресионира секој уште на прв поглед.