Кафетерија со печница за кафе Au79, го комбинира дизајнот, функционалноста и пријатното гостопримството во еден простор…
Овој рај за љубителите на доброто кафе се наоѓа во поранешна автомобилска работилница во Мелбурн. Студиото Mim Design ја трансформираше оваа површина од 600 м2 во една софистицирана ботаничка градина во внатрешноста, која е исполнета со бујни растенија, земјани тонови и живописни зеленило, кое е инспирирано од љубовта кон кафето.
Дизајнерите сугерираа дека архитектурата и ентериерите мора да бидат како злато, односно скапоцени и непроценливи, а Mim Design студиото тоа го има постигнато со леснотија, со користење на основните принципи на дизајнот од минатото и сегашноста.
Оригиналните гаражни врати останаа непроменети. Ова не е место каде што само може да се ужива во прекрасно кафе и храна, туку вистински рајска оаза на автентичност.
Природна светлина го исполнува овој простор, кој нуди неколку удобни делови – мека розеви тонови и прилагодени завршни детали кои му даваат допир на женственоста, додека рачно илустрираниот ѕид кој го красат кафе-растенијата и лисјата, со својата палета на зелени и сини тонови внесува во него вистинско расположение.