Брендот Salvatore Fеrragamo оди во нова насока со лансирање на својота есен / зима 2017 кампања …
За оваа кампања, познатиот моден бренд го ангажираше фотографот Valter Faifer, а протагонистите бea Xiao Ven Ju и Ajmelin Valad. Живописните бои и дезени, тука дефинитивно се издвојуваат, иако донекаде неочекувано кога станува збор за есенската сезона.
“Енергичноста, спонтаноста, шареноликоста и активноста – се клучните тенденции на Ferragamo брендот, а исто така и најновата кампања. Оваа свежа и динамична кампања ги претставува емоциите на нашите фанови и ги мами во љубовна врска со новите модели кои никогаш нема да заврши, со фокус на модните аксесоaри, кои како и секогаш до сега, ја слават креативноста, елеганцијата и експертизата, како и главните карактеристики на филозофијата на брендот Salvatore Ferragamo”.