На над сто графити-уметници им беше дадена можност да ја експресираат својата креативност во фестивалот наречен Rehab 2, кој траеше од 16ти Јуни до 16ти Јули. Уметниците ги декорираа ѕидовите на студентски дом во Париз цели три недели, стигнувајќи до неверојатни резултати. За жал, овој студентски дом ќе се реновира и сите дела ќе бидат избришани, но за сите што имаат можност да ја погледнат галеријата имаат се уште шанса, а за оние кои не се во Париз, можат да уживаат во фотографиите кои вечно ќе сведочат за краткото постоење на едно урбано студентско живеалиште.