Ако се паршувавте како беше на модната ревија на Giambattista Valli Couture за време на високата мода во Париз, можеме да ви кажеме дека оваа случување, беше ода на прекрасните цветни градини…
За својата есенска колекција 2017., Giambattista Valli одаде почест на најженствените фустани. Сопствена приказна, дизајнерот ја започна со кратки модели на фустани со изобилство на украси, која е поврзана со најдобрата цветна тантела.
Невиноста и перверзијата се споени во романтични асиметрични фустани со 3D цветни дезени. За да се намали невиноста на овие модели, дизајнерот предниот дел на овие фустани ги исече над колената.
Некаде во средината на модната ревија, продефилираа долги гламурозни варијации на темата. Моделите одеа на пистата во драматични волуминозни дезени, совршени за “црвен тепих”.
Инаку, во публиката можевме да видиме вистински спектакл. Покрај поп дивата Селин Дион, седеа и Оливија Палермо, Лорен Санто Доминго и Бианка Брандолини – во првите редови.