Оваа модерно опремена вила има приватна бар на плажа, јога соба и базен со стаклени ѕидови …
Туркс и Каикос, отсекогаш биле ексклузивни карипски дестинации, но Tip of the Tail, вила на два ката на островот Providenciales, приватноста ја пренесува на едно повиско ниво. Се наоѓа во еден затскриен дел од песок и оваа тропска оаза за соседи ги има само палмите и океанот, што ја прави идеална за совршен одмор.
Со шест спални соби, шест купатила и трпезариски простор кој е доволно голем за дваесет луѓе, оваa резиденција со вкупна површина од околу 1.100 м2 е идеалено за организирање на забави.
Вилата во себе ја сождржи смирувачката атмосфера на Карибите, како и сите потребни удобности за уживање.
На нејзиниот главен кат, сите спални соби се со поглед кон водата, додека лизгачките стаклени ѕидови се отвораат кон базенот и овозможуваат постојан поглед на морето.
Вилата нуди поглед на морето, со должина од околу 150 метри, со околу 1.000 м2 приватна плажа.