Британскиот модел и актерка, Cara Delevingne, претставена ни е во крупен план во новата A | X Armani Exchange кампања, за сезоната есен / зима 2017.
Презентирана пред неколку дена, оваа кампања има разиграна енергија, иако содржи црно-бели фотографии. Sabin Vilard работеше на фотографиите, во кои е холандската диџеј ѕвезда Martin Garrix и кинескиот актер Li Jifent. На фотографиите, Cara можеме да ја видиме во кожна јакна со печ над едното око, која уште еднаш ни ја презентира својата исклучителна енергија и непредвидлив дух.
“За оваа кампања, сакав да имам три лица кои се способни да го претстават индивидуалистичкиот A | X нов дух, на неконвенционален начин. Три различни и неверојатни лица, од кои сите се креативни и слободни во изразот, е тоа што го сакав, но во Армани стил”.