Модната куќа Gucci влегува во светот на декорaции за домот, од септември оваа година.
На својот Инстаграм профил, тие веќе открија дека ќе ја лансирааат својата Gucci Home Decor линија, која дефинитивно ќе ги воодушеви сите љубители на брендот, затоа што таа е полна со смели и екстравагантни дизајни. Колекцијата ќе содржи мебел и декоративни парчиња, креирани од креативниот директор на брендот Alesandro Mikele, кој сега својот огромен талент го пренесува во светот на домашните декорации.
Мораме веднаш да ви кажеме дека оваа линија не е за оние кои го сакаат минимализмот – таа е богата со интересна графика, везови, украси и други детали, како и еден од најистакнатите парчиња кој најмногу се издвојува столицата Chiavari направени од црвенo лакирано дрво. Тапацирот на оваа столица е украсен со вез во облик на мачка и цветни мотиви, кои се присутни на уште две столици во зелена и пастелно сина боја.