Брендот Rolls Royce најави дека ќе ја прослави педесетгодишнината на албумот Sgt. Pepper’s Lonely Heart Club Band, на свој интересен начин…
Тие се за оваа намена го донесоа својот шарен Rolls Royce Phantom V (кој е познат поради тоа што беше во сопственост на Џон Ленон), во Лондон, каде што сите посетли можат да го видат.
Автомобилот Phantom V, во моментов е сопственост на музејот Royal British Columbia во Канада. Овој автомобил ќе се придружи на другите модели на Rolls Roycе на единствената изложба во просторот Bonhams, кој Џон Ленон со задоволство го посетувал во шеесетите години. Од 29 Јули – 2 август, посетителите ќе можат да ги видат сите овие модели.