Кога зборуваме за дизајнерите од Италија, Стефано Габана и Доменико Долче, сите се согласуваме, тие во никој случај не се просечни …
Тие се веројатно нај екставагантниот моден пар во модната индустрија…како и нивните модни ревии,кои се вистински спектакли. За ревијата 2017 Алта Мода, тие ја одбраа својата дестинација- градот Палермо, кој воедно е родниот град на Доменико Долче кој за него е извор неограничена инспирација.
Луксузниот бренд ги собра најбогатите луѓе на својата модна ревија, како и секогаш до сега. Иако нивните модели имаат петоцифрени цени, љубителите на нивната мода со задоволство ги плаќаат. На овогодишниот настан присуствуваа 400 специјални гости, вклучувајќи го и претседателот на Сицилија, меѓу другите.
Сицилијанските моќни вибрации беа присутни во секој од 126 -те модели од новата колекција. Највпечатливи детали беа украсите за глава, вклучувајќи ги и тијарите и круните.