Базените кои обично ги гледавме во луксузните хотели, сега ќе станат дел од high-end проектите во Дубаи, како што е хотелот Palm 360 со две близначки кули, како и Royal Atlantis Residences, кои се долго очекувани понуди на пазарот на недвижнините.
Во прилог на понудата на овие единици и пристапот до приватни плажи, овие гигантски поседи на своите купувачи ќе им ги понуди најдобарите Inifiniti базени познати на човештвото. Овие огромни водени тела ќе “висат” со своите градежни структури, заради и кои го добија името небесни базени.
Додека Palm 360 е нов проект, кој има за цел продажба на пентхауси со површина од 1.200 м2, Royal Atlantis резиденциите, веќе се карактеризирани како најдобар резиденцијален развоен проект, кој се состои од 231 резиденции и 795 соби и апартмани за гости.
Во секој случај, ние од Дубаи секако не очекуваме да ни понуди нешто конвенционално, традиционално или вообичаено. Мора да признаеме дека ние навистина би сакале да испробаме еден од овие висечки базени!