Има нешто многу силно во тие макси фустани…
Можеби е тоа заради чувството на слобода, која се јавува кога ние самите ќе се видиме или другите облечени во макси фустан…
Долгите макси фустани кои совршено виорат на ветрот и секогаш изгледаат добро, бараат малку труд и време. Тие се идеални за летната фестивалска сезона, прошетки во топлите летни вечери, па дури и за канцеларија ако ги комбинирате со соодветно летно сако.
Женствени а сепак опуштени и разиграни, макси фустаните ова лето ги заменија сите други фустани. Покрај тоа, го покриваат сето она што сакаме да го скриеме, за разлика од кратки фустани – а да не зборуваме за мини здолништата во кои постојано мора да внимаваме како седиме…
Одбаравме неколку модели на макси фустани за вас, да ве инспирираат во наоѓањето на совршен фустан за вас, кој ќе ви биде совршен придружник ова лето во сите прилики…
Со цветен мотив
Широк макси фустан на линии
Проsирен макси фустан од тул
Азијски стил Бел макси фустан
Елегантен макси фустан