Најблиските пријатели и соработници ќе ве запознаат со ” кралот на чевлите” во документарниот филм за Manolo Blahnik.
Неговото име стана вистински синоним, а особено стана познат за сите нас, кога го прослави Carrie Bradshow во омилена серија Сексот и градот.
Во документарниот филм, покрај Naomi Campbell, свое место најдоаи Karlie Kloss, Anna Wintour, André Leon Talley, Candace Bushnell, Paloma Picasso и други актерки, модели, уредници и членови на модниот свет кои се во вистинска “љубовна” аферасо Manolo Blahnik . Документарецот се состои од многубројни интервјуа и наречен е “Маноло: ”Manolo: The Boy Who Made Shoes for Lizards”. (Момчето што направи чевли за гуштери.)
Светски познатиот модел Иман, рече дека нејзините деца, па дури и родителите знаат кој е Blahnik, а Ријана низ смеа кажа – “факт е дека жените повеќе ги сакаат чевлите од нивните мажи”.
Првата проекција на документарниот филм ”Маноло: Момчето што направи чевли за гуштери “е закажана за 15 септември, ние ви го прикажуваме трејлерот…