Ексклузивните парчиња, некогаш резервирани исклучиво за тесен круг на елитата, станаа за прв пат достапни за купување на една онлајн платформа. Основачите на сајтот Ana Zui и Isabel Dubern, ги собраа на едно место најдобрите дизајнерите на ентериери во светот, кои редовно ги прикажуваат своите нови ексклузивни колекции, само на TheInvisibleCollection.com.
За најновиот проект “Спална соба на дизајнер на ентериери,” групата The Invisible Collection, се здружи со компанијата VIS-À-VIS – снабдувачот на ултра луксузни, рачно извезени постелнини, со седиште во Лондон. За оваа прилика, лидерите на Невидливата колекција, ги замолија своите дизајнери да ја споделат својата имагинација и да креираат една соба по нивен вкус.
Честа прв да ја презентира својата идеја, ја доби Џером Фалан Дума, дизајнер на ентериери и уметнички директор L.O.V.E. Неговата колекција, првобитно наречено “почит” се состои од сет на рачно извезени постелнина инспирирани од надреализмот. Доминантната е белата боја на постелнината која е во остар контраст со позадината на полноќната сина, смарагдната зелена и сината паун боја, додека целиот ентериер го фасцинира набљудувачот, по патеката меѓу сонот и јавето.