Во градот каде што еден здив на воздухот очигледно чини неколку пени, сега може да се купат и чевли во вредност од 33.000 долари…
Овој модерен пар на чевли дебитираше пред неколку дена, а се дело на италијанскиот дизајнер Antoniо Vietri.
На негова среќа, името Vietri е добро познато во Дубаи, каде што еден пар на златни мокасини беше на продажба со цена од неверојатни 82.000 долари. Љубителите на чевли во оваа дестинација често не се грижат и не прашуваат за цената кога ќе видат нешто им се допаѓа.
А сега, малку повеќе за чевлите. Свилените салонки се потопени во 24-каратно злато и украсени се со златен и сребрен накит. Ако случајно сакате да го купите овој пар на чевли, можете да изберате помеѓу Сваровски кристали, бисери и дијаманти со кои ќе бидат акцентирани вашиот пар на чевлите!
“Луѓето тука сакаат ексклузивност и сосема уникатен луксуз, така да сум многу возбуден околу официјалното претставување на нешто што сигурно предходно не го виделе”- изјави Vietri.