Денес H&M ја откри својата голема тајна: следната ексклузивна дизајнерска соработка ќе биде таа со дизајнерот Ердем, кој живее во Лондон и во моментов е многу баран и подеднакво популарен меѓу славните личности и модните познавачи.
H&M исто така, со големо задоволство објави, дека визионерскиот режисер Баз Лурман ќе ја оживее колекција со својот уникатен начин на раскажување на приказната. Колекцијата на ERDEM x H&M, ќе биде достапна во одредени продавници и на hm.com од 2 ноември.