Презентирана само пред неколку денови, волшебната Dior a Versailles, Cote Jardins е уште една колекција на накит, дизајнирана од страна на познатата француска дизајнерка на накит Victoire de Castellane.
Станува збор за нова, ексклузивна линија, која е всушност инспирирана од страна на приватниот имот на кралицата Марија Антоанета, која зрачи со луксуз. Да бидеме попрецизни, оваа колекција е инспирирана од уникатниот архитектонски распоред на градините во Версај, по кои тој стана и е се уште е популарен.