Имаме нов вистински летен пијалок за одмор во сенка…
Овој едноставен и прекрасен летен пијалок станува број еден и се уште не сме сигурни дали ни е подраг вкусот или изгледот.
Frosé е новиот trendy и луксузен пијалок, а ние ве предупредуваме дека тоа ќе биде љубов на прв поглед.
Розевиот изглед веднаш не маѓепса со вкусната конзистентност која е совршена за топлите летни денови. За сами да направите Frosé не ви треба многу време ни напор зошто е многу едноставно, но предходно треба неколку часови да се замрзне за вистинско уживање.
Рецепт за Frose од јагоди
состојки:
750 ml розе вино
250 г јагоди (свежи или замрзнати)
150 гр шеќер
120 ml вода
80 ml сок од лимон
Подготовка:
Истурете розе вино во контејнер кој може да се замрзне околу 6 часа. Внимание: Не користете стаклен сад, кој може да се скрши.
Ако розето е замрзнато, можете јагодите да ги изблендирате.
Во сад, се меша водата со шеќерот, ги загревате а потоа ги додавате јагодите во жешката смеса, па оставете да се излади за 30 минути.
Потоа, со помош на цедалка исцедете го добиениот сок и оставете го во замрзнувач за најмалку 30 минути.
Измешајте сок од лимон со изладениот сируп од јагоди кој го направивте, додадете го замрзнатото вино и се заедно добро измешајте (по можност во блендер).