По 31 година живеење во куќа во Торонто, сопствениците на оваа куќа сакаа промена. Сакаа нешто свежо и модерно, со доволно простор за големи фамилијарни дружења, за децата и внуците. Инспирирани од европскиот тренд на комбинирање на традиционалната архитектура со модерниот дизајн, парот одбра мешавина на ултра-елегантни детали, како што се минималистички кујнски кабинети и стаклени панели во деловите над садоперот, како и некои старински елементи како што се спуштени плафони и прозорите. Резултатот не е само освежен и подмладен простор во кој фамилијата ќе се дружи, туку и едно од омилените места на куќата, кога се сами двајцата.
Се во бело е добитна комбинација! Традиционалната архитектура, плус современи елементи за кујна во бела боја и со стакло, креираат шик амбиент во кујната!
Сем дизајнот, оваа кујна служи во неа да се готви и јаде. Некогашниот сив и мрачен простор, со основните елементи и детали, благодарејќи на реконструкцијата, сега е лесен, светол и експанзивен – современ дизајн со озбилни фактори, благодарејќи на дизајнерката Ширли Мејселс.