Повторно се навраќаме на работата на модниот дизајнер Elie Saаb, синоним за haute couture, односно висока мода.
Тој е дизајнер кој не ужива во работата на обичните креации, туку наместо тоа создава фустани кои секого го оставаат без здив. За неговата Couture Fall 2017 колекција, дизајнерот бил инспириран од средновековните кралици и војници.
Elie повторно ни прикажа магична модна ревија наречена “A Tale of Fallen Kings”, каде ни ја прикажа својата инспирација од светски популарната серија „Игри на престолите”.
Поголемиот дел од 60 -те модели колку што вкупно ги имаше, беа гламурозни фустани но, Elie Saab ни прикажа и неколку варијанти на совршено кроени пантолони и сакоа.