Уметниците наоѓаат игра во најмалите работи од секојдневието. Alya Chaglar на пример, инспирирана од нејзината успешна кариера како сликар со маслени бои, направи фотографски серијал за својата три – годишна ќерка, Stefani, која позира пред објектот облечена според најновите сезонски трендови. Сезонско овошје, зеленчук и сезонски цвеќиња.
Користејќи ја моќта на перспективата, Ајла го држи „аутфитот“ пред објективот, а Стефани застанува на потребната далечина. Со шарените дезени и најслатката детска насмевка, овој серијал дефинитивно ќе Ве расположи и ќе Ви го стопли срцето.
Ова динамично дуо стана инстаграм сензација со повеќе од 22 000 фанови.