Со поглед на заливот Бискејн и Мајами Бич, GranParaiso е волшебeн станбен проект, кој е дело на најценетите архитекти на светот …
На него, работат Bernardo Fort-Brescia, Pjero Lisoni и Enzo Enea. Oвoj неверојатeн концепт има за цел да биде еден од најдобрите станбени заедници во светот.
Допирот на врвниот уметник Pjero Lisoni може да се почувствува веднаш по влегувањето во оваа неверојатна зграда – уметност во осветлување, текстурни површини и суптилните природни тонови, нудат добредојде на секој гостин во фоајето. Внатре во резиденциите, богатите материјали се согласуваат со чистите модерни линии и го одушевуваат секој, кој е вистински обожавател на ненагласената елеганција.
GranParaiso, исто така, содржи колекција на ултра луксузни домови на четири ката со приватни лифтови, луксузни ентериери и директен поглед кон заливот.
Дел од овој проект е голем фитнес центар со екслузивна кардио опрема и студија за вежбање, додека јогата и пилатесот добија одлични отворени простории за своите сесија.
Исто така, таму е приватната куглана со ложа, каде можете да уживате со вашите пријатели или да организирате некоја прослава. Терасата со базен, со своето бујно зеленило, драматично осветлување и бели камени детали е вистински тропски рај. Што и да си замислите, ние веруваме дека овој проект тоа го има!