Убаво, удобно и прифатливо со цена сместување, не е така лесно да се најде.
Благодарение на практичните и се повеќе користени веб-сајтови, како што е Airbnb, стана полесно да се најде сместување, а понекогаш можат да се најдат и најинтересни куќи. Најдовме една необична куќа во Мексико, која како да е создадена за летно уживање.
Куќата ”Seashell” буквално ” Морска школка” е токму тоа. Во прилог на неверојатната и необична архитектура, оваа куќа има базен за дополнително уживање и ладење. Најдоброто од се, е нејзината цена. Таа нема да ве чини богатство, како што сигурно сте помислиле, на прв поглед.
Цена за една ноќ е 270 евра, но куќата е погодна за 4 лица, што значи дека ќе ве чини 67,50 евра на вечер. Со добар план на штедење и распределбата на буџетските средства, е повеќе од возможно.