Разиграноста со фотографијата е еден приоритетите поради кој ги сакаме толку патувањата. Дозволете да Ви претставиме еден навистина интересен пар.
Daniel Rueda и Anna Devis, се едно навистина креативно дуо од Валенсија. Тие патуваат низ светот со широка перспектива, чувство за геометрија и камера. Динамичното дуо стапува во интеракција со архитектурата во нивните фотографии. Нивниот стил потсетува на минимализам измешан со доза на урбаност. Боите се храбро искомбинирани, а самите дела изгледаат како да се направени во студио, а не надвор, во урбаната средина.