Многумина мислат дека ентериерот се заснова само на основните потреби кои се наменети за одредена соба …
Но, постојат неколку ставки што треба да се знаат пред да одите во набавка на декорации и мебел. Прво треба да се направи план, да се земат мерките на собите, осмислат боите, материјалите и шемите.
Покрај основните елементи, кои ќе ја исполнат вашата соба, ви треба декор, зеленило, слика…
Со помош на вашата имагинација уредете го вашиот дом, така што ќе изгледа убаво. Ние подготвивме за вас, 8 основни принципи, кои ќе ве водат низ планирањето на ентериерот.
- Композиција во уредувањето на домот – Кога го планирате дизајнот на ентериерот, потребно е да размилувате за куќата како на серија поврзани простори. Затоа е потребно еден заеднички стил и тема да провејува низ куќата. Ова не значи дека сите елементи на ентериерот треба да бидат исти, но, треба да изгледа кохезивно, надополнувајќи се меѓусебно. Начинот да се создаде оваа композиција во домот е паметена употреба на боја. Шемата на бои е одличен начин да се обедини просторот со користење на три или четири бои во различни нијанси низ домот.
2. Баланс во ентериерот
Симетричната рамнотежа обично се наоѓа во традиционалните ентериери. Симетричната рамнотежа се карактеризира со исти објекти, повторени во исти позиции. Асиметричниот баланс е посоодветен за денешните ентериери. Балансот се постигнува со користење на различни предмети, кои имаат ист визуелен ефект. Асиметрија укажува на движење, енергија и пожив ентериер.
3. Централна точка во ентериерот
Добро дизајнираната соба секогаш има, во зависност од големината, еден или повеќе централни мотиви – централни точки. Централна точка мора да доминира и да привлекува внимание. Централна точка треба да има трајно влијание, но и да не стане досадна, исто така, мора да биде и составен дел на декорацијата. Таа треба да биде поврзана со боите, стилот и темата на собата, а сепак да се издвојува и да има силен ефект. Ако немате во ентериерот на својот дом камин или слично, можете да направите централната зона со нагласување на одредено парче мебел, уметнички дела или едноставно, со кречење на еден ѕид во една сосема поинаква и смела боја.
4.Ритам во ентериерот
Во ентериерот, ритамот е дефиниран како континуитет, повторување или организирано движење. Повторување значи употреба на истиот елемент повеќе пати во еден ист простор. Можете да ја повторите бојата, текстурата, линијата или било кој друг елемент или повеќе од еден елемент.
5. Контраст во ентериерот
Контрастот е прилично едноставен. Редење на два елементи со контраст, како што се црна и бела перница на троседот, е белег на овој принцип. Може да бидат вклучени контрасти во форма, како кругови и квадрати. Спротивно на тоа, контрастот може да блесне во вашиот дом и позитивно да шокира, но бидете внимателни да не создадете премногу контрасти кои што може да предизвикаат негативни чувства.
6. Скалирање и размер во станбениот простор
Овие два принципи на дизајнот одат рака под рака, а се однесуваат на големината и обликот. Скалирањето има врска со односот на еден елемент со друг, а размерот со големината на предметите еден спроти другиот. Поиграјте со тоа и ќе добиете еден динамичен ентериер.
7. Модни додатоци и аксесоари го збогатуваат амбиентот
Сите модни додатоци, осветлување, боја, перници, прекинувачи, до рачки на кабинетите и плакарите во кујната, го привлекуваат вниманието. Детали, како што се материјали, дизајни и шари, го откриваат шармот на домот и ја покажуваат чистотата и уредноста. Деталите не треба да бидат очигледни, но би требало да оставаат впечаток кој го надополнува амбиентот.