Само пред неколку години, ние сме убедени, дека не можевте да си замислите како сами да го донесете вашиот нов плакар купен во Ikea , кој уште требаше да го составите кога ќе се вратевте дома, а сега ќе мора да ја усвоите и нивната нова вештина на готвење.
Ikea повторно дојде во вашите животи и постави нови правила. Ако Икеа ве направи превозник, монтажер и вистински мајстор, зошто да не ве направи вистински готвач?
Ако сте во потрага за едноставни рецепти, новите илустрирани рецепти на Икеа се вистинска лесна работа за вас, и се нарекуваат ”Cook this Page”.
Секој рецепт се состои од една хартија погодна за готвење, на која се сите состојки наведени и презентирани во цртежи. Скиците ја покажуваат потребната количина на секоја од состојките, како и местото каде што треба да стои. Се соберете, врзете ја хатијата со храната и спремно уфрлете на печење.