Со помош на овие техники за брзо релаксирање, во голема мера ќе го намалите стресот што урбаниот живот ги носи со себе.
Ако сте “жртва” на 21 – век, или на стресниот живот, вашата работа е поврзана со постојана напнатост и притсок кој го пренесувате и во приватниот живот, добро ќе ви дојдат овие неколку едноставни техники, со кои брзо ќе се релаксирате и ќе заборавите на проблемите барем на кратко.
Додека сте дома
Пријателите на кои можете да им се исплачете на рамо, се совршен вид на терапија. Доколку нешто ве мачи, не двоумете се, изфрлете се од себе и тоа со добар разговор. Меѓутоа, не заборавајте, ако барате совет, потрудете се да го прифатите, во спротивно ќе предизвикате фрустрација кај пријателот кој се труди да ви помогне.
2. Мирисите ја намалуваат анксиозноста. Неколку капки од мирисно масло, на пример, лаванда, ставете во арома-лампа и дишете длабоко. Можете исто така да ги искористите и предностите на миризливите свеќи и стапчиња.
3. Ако сте сами, можете да пеете колку што сакате со силен глас, додека сите прозори не се распрснат! :) Важно е да останете среќни и енергични, така тензијата полека, но сигурно ќе исчезне.
Додека сте на работа
1. Можеби ѓе ви звучи чудно, но тапкање со врвовит на прстите по главата, а посебно по челото, ја подобрува циркулацијата и брзо ќе ве опушти.
2. Ако работите во канцеларија, додате некое растение, бидејќи тоа сигурно ќе ве релаксира . Доколку се одлучите за цвеќе наместо зеленило, одберете помирни бои кои нема да ви го одвлекуваат вниманието. Покрај тоа, силните бои како црвената, можат само да ви го зголемат стресот и фрустрацијата, па затоа внимателно изберете цвеќе на работната маса.
3. Победете го стресот со тивка музика. Истражувањата покажаа дека пулсот понекогаш го прати ритамот на музиката, задоа најдете некоја добра мелодија која ќе ви помогне да се опуштите.