Не морате дајадете сладолед за да се разладите.
Можете да се одлучите за поздрава алтернатива во вид на овошје и зеленчук – особено ако сте на диета во која е забрането било какви слатки, па дури и сладолед.
Салата од хељда
Хељдата е многу подобра од другите житарки и спаѓа во интегрална храна која се препорачува да се консумира кога сте на диета. Сварете ја хељдата, исцедете ја и оставете да се излади, потоа додадете домати, краставици, сок од лимон, свеж зеленчук и направете одлична ладна салата.
Лубеница
Лубеницата е вистинско освежување и многу луѓе сакаат да ја консумираат во топлите денови. Лубениците се богати со вода и се одлични како десерт. Можете да ја комбинирате со многу видови на овошје и да направите вкусна салата. Исто така, можете да направите леден смути-шејк со логичнно, доста мраз.
Краставица
Како и лубеницата, краставицата е зеленчук кој е богат со вода, а со тоа претставува и одлична храна која разладува. Со неа исто така, можете да направите вкусна салата со домати, модар патлиџан и тиквички.
Домати
Доматот е задолжителен зеленчук во секоја салата. Тој е богат со многу витамини и со освежувачки вкус.
Грејпфрут