Архитектот Сергеј Mакно сакаше единствен и посебен простор, а бидејќи е импресиониран од јапонската култура уште од детството, оваа земја го инспирираше да создаде прекрасен дом за своите најблиски и себе. На ум имаше удобен и релаксирачки ентериер со природни тонови, така што сите, кога ќе влезат во овој стан, чувствуваат една медитативна атмосфера.
Мораме да признаеме дека тој успеал во се што наумил. Земјаните топли тонови во комбинација со моќните растенија, создаваат еден безвременски дизајн.
Во ентериерот доминираат четири елементи – ѕидовите од глина за земјаниот, изгорените уметнички дела за огнот, сликата за водениот и отворениот простор за воздушниот елемент. На овој начин, архитектот се обидел да се постигне рамнотежа во внатрешноста.
Ѕидовите се покриени со природна глина, која е нанесена со посебна стара техника која некогаш била користена во украинскиот домови.
Терасата е исто така, декорирана во минималистички стил, потсетува на јапонските градини. Од тука домаќините можат да уживаат во погледот на светлатата на градот.