Модната куќа Emanuel Ungaro има нов креативен директор! Marko Kolagrosi го замени Fausto Puglisi, а оваа вест ги воодушевен сите кои ја знаат модната сцена и ја следат работата на Kolagrosi.
Поранешниот креативен директор на модните куќи, Џорџо Армани и Долче / Габана, 43-годишниот дизајнер, дебитираше за Унгаро со новата Resort колекција за 2018 година. Ако ги споредиме сите претходни колекции на минатиот креативен директор, мора да признаеме, дека оваа нова колекција е многу софистицирана.
Дизајнот е целиот оптимистички, обоен со живописни бои и впечатливи цветни отпечатоци. Се добива впечаток дека креаторот сета своја радост ја пренел во своите креации.
“Се работи за среќа и позитивност”, изјави дизајнерот. Со цел да обезбеди еден помодерен пристап кон женственоста, Kolagrosi за модната куќа Емануел Унгаро создаде прекрасени живописни модели, каде голем акцент е ставен на цветни мотиви.