Турција е земја на масивни планини, плодни долини, археолошки локалитети и убаво крајбрежје.
Таа е богата со живописни села, надреални пејзажи, божествени плажи и одлична кулинарска сцена.
Дали знаевте дека остатоците од двете светски чуда на античкиот свет се на територијата на Турција? Една од нив е Мавзолејот на античкиот град Халикарнас, сегашен Бодрум, а другиот дел е храмот на Артемида во Ефес.
Каде и да одите ќе најдете археолошки богатства, природни пејзажи, шарени чаршии кои продаваат речиси сè, од игла до …
Погледнете ги фотографиите и дознајте зошто Турција е една од шесте најпосетените дестинации во светот, а што не треба да се пропушти.
Истанбул
Ниту еден град во Европа не е осветлен ноќе како Истанбул. Се наоѓа во јужниот дел на Босфорот во Европа а делумно и во Азија и навистина овој град е мешавина на ориентот и Европа. Во Истанбул, можете да ги видите некои од најубавите историски локалитети на Турција – цркви и џамии. Не пропуштајте да ги видите Аја Софија, Сината џамија и Топкапи палатата.
Црквата на Христос Спасителот или Црквата Хора се смета за еден од најдобрите примери на византиски цркви, заради прекрасните фрески и мозаици во внатрешноста.
Ефес
Во Турција има 13 локалитети, кои се на листата на УНЕСКО за светско наследство. Античкиот град Ефес се наоѓа на листата, исто така.
Според стари легенди, Ефес е основан од страна на жените воини, Амазонки. За името на градот се смета дека е изведен од зборот “Апас”, името на градот во “Кралство Aрзава”, што значи “Град на Мајката Божица.” Покрај Ефес на листата на УНЕСКО се наоѓа и турското полуострово Галиполе каде е одржана познатата битка во 1915 година, која била една од поважните во Првата светска војна.
Памуккале
Памуккале или како на турски се вели Тврдина на памукот, е комплекс од уникатни минерални извори во југозападниот дел на Турција, во близина на градот Денизли. Локалитетот се состои од топли извори, кои имаат необичен облик на скалести плитки базени, настанати од прелевањето на минералната вода и таложењето на минералите. Глетката ги остава посетителите без здив.
Кападокија
Кападокија е древен регион во централна Анадолија, сега Турција. Во времето на Херодот, Кападокијците ја завземале целата земја од масивот Таурус до Црното Море.
Кападокија е неверојатно живописен предел, со убава природа, се наоѓа на брегот на Егејското Море и историските области на Мала Азија. Рељефот на оваа област вклучува околу седумдесет километри квадратни и е дело на самата природа. Таложењето на вулканската пепел, ерозијата и ветерот, влијаеле на настанувањето на неверојатните форми кои се прекрасни, чудесни долини и формации, во кои првите христијани прогонети од страна на Римјаните, се засолниле, па затоа другото име за Кападокија е “Лулка на христијанството”.
Во Кападокија изнајмете балон со кошница и впуштете се во една незаборавна авантура.
Танцот на дервишите
Дервиши се еден вид на монаси или факири со исламска ориентација, специфични по аскетскиот живот и по посебениот начин на обожување на Бог. Нивното учење се нарекува суфи. Постојат голем број на братства, а дервишите се присутни во Иран, северна Африка, Пакистан, Авганистан, Индија и Таџикистан.
Турската музика е еден вид на мешавина од персиската, грчката, византиската и отоманската музика, но и како таква, таа е денес широко одомаќена и прифатена на Балканот. Наводно, дервишите паѓаат во посебна душевна состојба – транс, кога стануваат отпорни дури и на болка. Во Истанбул, не пропуштајте да го видете традиционалниот танц на дервишите.
Езерото Ван
Најголемото езеро во Турција е, исто така, едно од најголемите во светот. Езерото е со површина од 3713 km² и има 119 км на најдолгиот дел. Просечната длабочина е 171 метри, а максималната забележена длабочина е 451 метри. Вкупната должина на крајбрежјето е 430 километри, а волуменот е 607 km3. Непотребно е да се каже колку е убава езерската сцена. Добивате впечаток како да сте на море.