Во саботата, на 24 Јуни, бронзената верзија на скулптурата “Обичниот човек” на хиперреалистот Жарко Башески пристигна во својот нов дом – пред Институтот за Културна Размена во Тубинген, Германија.
Бронзената скулптура, со димензии 2.2m X 1.8m е првата од петте скулптури на уметникот кои ќе бидат поставени пред влезот на културниот институт во Тубинген. Отсега, сите љубители на уметноста и хиперреализмот во овој град ќе бидат пречекани од “Обичниот човек” на Жарко Башески!
Соработката со Жарко Башески започна на иницијатива на културниот институт кој го препозна талентот на уметникот да го зароби моментот и да го измоделира во совршен хиперреалистичен монумент.
Оваа соработка со градот Тубинген продолжува и понатаму, како и необичното патување на “Обичниот човек”.
За повеќе информации посетете го сајтот www.zharkobasheski.com