Последното издание на Hermès парфемите е мирисот за кој слободно може да се каже дека е незаборавен, а го креираше познатиот “парфемски нос” Кристин Нејџел.
Француската куќа сега ни ја претставува освежувачката енергија на новиот парфем.
Eau des Merveilles Bleue е свеж парфем за ден, на што веднаш укажува неговото сино транспарентно шише. Горните ноти на овој парфем се цветни, лесни како ветре, со морска нота. Во суштина составот е повеќе цветен отколку што тоа се очекуваше од парфемот, кој беше најавен како морски. Парфемот содржи исто така пачули и дрвенести ноти.
Hermès Eau des Merveilles Bleue е достапен во шишиња од 50 и 100 мл.