Една од најпознатите и највлијателни модни блогерки Chiara Ferragni во соработка со култниот бренд Tod’s, создаде сопствен модел по познатата Diodon торба. Класичниот модел по кој брендот беше познат, Chiara го прилагоди и персонализира од самиот почетен процес па до крајниот производ, односно сопствена Tod’s торба. Во морето на торби, оваа секако одскокнува и сигурни сме дека ќе стане вистински хит!
Не се сомневаме во успехот на оваа торба, но при тоа и помагна и пудресто- розевата нијанса, која е вистински хит. Нежна и светла, идеална за лето која е во контраст со црните навртки, што оваа модна блогерка ги одбра за својата торба.
И да, можеме да заклучиме дека торбата на Chiara ќе биде хит, бидејќи не постои подобар спој од безвременската класика со детали и допир на современото и модерното. Оваа торба, како и остатокот од #ChiaralovesTods колекцијата ќе бидат достапни во одредени продавници низ целиот свет, како и на официјалната веб-страница и тоа од јули.