Германскиот моден дизајнер Philipp Plein ја прикажа својата колекција за пролет-лето 2018 година, која е ода на хитот “Брилијантин”.
Тој приреди фантастичен шоу за сите посетители на ревијата, а во сценогарфијата доминираа скапоцени автомобили и мотори.
Познат како голем шоумен, Plein на својата публика и приреди шоу во стилот на филмот кој ги прослави Џон Траволта и Оливија Њутн Џон. “Затегнете ги вашите појаси”, објави шефот на шоуто, а потоа се изведоа и двете популарни песни со танчери и перформанси, Summer Nights и You’re the One. Манекените и манекенките беа трансформирани во тотално Rockabilly фазон, додека 15 луксузни автомобили беа на сцената за време на концертот.
Колекцијата се состои од безброј модели на облека кои овозможуваат бесконечни стилски комбинации. Украсите и отпечатоците, кои доминираат на облеката, инспирирани се од автомобилите кои како и самиот дизајнер вели, ги обожуваат мажите и жените. Така на пистата се најдоа најскапите автомобили како Ферари, Ламборгини, Порше и Ролс Ројс.
Не беа само автомобилите за кои беше потребно милионско осигурување, моделите на пистата покажаа јакни изработени од највисок квалитет крокодилска кожа со череп како симбол, тигри и кобри. Прикажани се исто така редизајнирани современи коминезони кои инспирацијата ја црпат од светот на авто мото трките.
Тоа беше модна ревија која ги воодушеви сите присутни, а овој стајлинг, сигурно би ги оставил без здив и познатите актери на овој поранешн хит филм.