Ролoван сладолед последните две години често го гледавме на Instagram, а Sweet Cup од Калифорнија сега го сервира на сосема нов начин.
Сладоледот доаѓа со различни вкусови, класичен, а некому иновативнен, може да биде украсен со чоколадни трошки, кекси, гумени или обични бонбони, прелиен со разни додатоци, а сето тоа сервирано во корнет со облик на тако. Најпопуларен е taco Monsters Inc. Направен е од сладолед кој содржи колачиња со чоколадо и Орео корнет во сина боја, а потоа украсен со шлаг, колачи од чоколадо и чоколадни трошки.