Последниве години, свилениот плиш е материјал кој владее на модните писти, а од скоро, се пресели од пистите во нашите домови. Свиленкастиот материјал кој ни дојде од Далечниот Исток и се здоби со популарност во 14 век, го помина легендарниот Патот на свилата од арапските земји до италијанските градови, Фиренца и Сицилија.
Гламрозниот плишан мебел е елегантен начин за инстант софистицираност во вашиот дом. Плишот е одличен начин за да додадете луксузни вибрации во вашиот ентериер со богати тонови и текстури.
Со плишаниот кревет, секое утро и вечер ќе се чувствувате како кралица.
Плишаните каучи совршено одговараат во секој простор.
Плишаните перници се мал детаљ, кој прават голема разлика.