Доколку имате шарпи кои не ги употребувате, а ви се складирани во гардероберот, време е да ги употребите креативно и со нив да го украсите домот.
Уметнички слики
Декорирајте го празниот sид со шарпите кои ќе ги врамите. Внимавајте шарпите да бидат вo исти или слични нијанси, доколку сакате повеќе слики на sидот. Ова е одлична идеја, која сигурно ќе ги одушеви вашите пријатели.
Закачете ја шарпата на sидот
Стариот шал или шарпа, закачете ги на sидот. Можеби ќе ви звучи чудно, но доколку го сакате боемскиот стил, ова е одлична идеја за вашиот дом.
Шарпа на креветот
Користете долг шал од кашмир или голема ешарпа, со која ќе го покриете горниот дел од креветот. Овој детаљ и дава потполно поиаков изглед на вашата спална соба.
Чаршав за маса
Старата шарпа можете да ја искористите и како чаршав или ранер за маса. Многу едноставно – само изберете ја вистинската големина која одговара на големината на вашата маса.
Перници
Шаловите и марамите можете да ги искористите за перничиња. Изберете ги најубавите свилени шарпи кои ќе создадат софистицираn изглед во вашиот дом.