Човечкото его само по себе е многу комплицирана работа. Потребно му е постојано да се храни и расте, а кога станува збор за жените, работата станува уште покомплицирана. Еве неколку комплименти кои секогаш ни предизвикуваат насмевка на лицето и кои секогаш сакаме да ги слушнеме.
Имаш преубава насмевка!
Го обожувам начинот на кој си намуртена кога си лута! Многу го сакам начинот на кој ја средуваш коса!
Со тебе можам да се зборувам за сè!
Класичен, но искрен коментар кој секого ќе го мотивира и охрабрува за било какви теми и конверзации за иднината.
Готвиш подобро од мајка ми!
Љубовта оди преку стомакот! Ова не значи дека секој ден мора да поминувате часови и часови во кујната, но понекогаш е убаво партнерот да ги изненадите со топол ручек или вечера. Уште ако по неочекуваниот оброк ве дочека оваков комплимент – на коњ сте!
Со тебе можам да бидам тоа што навистина сум!
Овој комплимент е сигурно еден од најдобрите. И тоа со добра причина. Во денешно време, тешко е да се биде она што навистина сте, па затоа, додека сте со некој кој ви го буди тоа чувство, не двоумете се тоа да го кажете.
Мајка ти (или било кој друг член на семејството) е многу супер!
Сем што е убаво овој комплимент секогаш да се слушне, одлично е да се знае дека некој е навистина заинтересиран за вашата фамилија, која е голем и важен дел од вашиот живот.
Не си како другите!
Во време кога ни се наметнати слични норми и обрасци на однесување кои ,,мораме” да ги почитуваме и така да размислуваме, кодекси на облекување и начин на живеење … нема ништо поубаво отколку да се слушне дека токму вие со вашиот карактер и став, се разликувате од другите луѓе!