На магионичарите од компанијата C Seed им успеа да го развијат најголемиот 4K widescreen TV – (телевизор со широк екран), кои го нарекоа C Seed 262…
Фалејќи се со дијагоналната должина од 262 инча (6,65 m), ширина од 6,14 m и висина од 2,57 метри, овој неверојатен телевизор има моторизирана текстилна облога, која може да се навлече и открие со притискање на копчето.
Гигантскиот C Seed 262C има 4K LED ТВ екран со црна LED технологија за подобар контраст, ultra-high definition технологија, динамична слика и спектар на боите што оди многу подалеку од било што го нудат конвенционалните телевизори.
Покрај тоа, ултра-високата осветленост од 800 NITS опција, му дава овој ТВ можност да ги импресионира апсолутно сите, дури и во услови на силна светлина.
Интегрираниот 4K медиа сервер и шест вградени звучници со висок квалитет, ќе ви овозможат да уживате во филмските премиери во удобноста на вашиот дом.