Грандиозниот и спектакуларен Beverly Wilshire е хотел кој ќе ги исполни сите ваши очекувања, но за вас ќе направи и повеќе од тоа..
Сместен во срцето на Беверли Хилс, на аголот на познатиот Родео драјв и Вилшир Булевар, овој шармантен локалитет ќе ве импресионира со својот магичен спој на луксуз, стил и удобност, додека врвната послуга обезбедува ниво на светска класа, заедно со придобивките да се биде вистински шлаг на тортата.
Ако сте заинтересирани за шопинг и незаборавно искуство на прошетка од еден до друг луксузен бутик, треба да знаете дека овој хотел се наоѓа во срцето на гламурот, но сепак, се издвојува со својот уникатен изглед. Веројатно ќе сакате да го поминете целиот ден на шопинг или во патрола по познати личности, но кога сонцето заоѓа, ние ви препорачуваме да ја посетите Aromatherapy Crystal Steam Room, која ќе ве размази како никогаш до сега.
Cобите и апартманите на овој хотел се разликуваат по големина, така да понудата има за секого по нешто, но ние треба да го споменеме пентхаус апартманот, кој доаѓа со џакузи када и гостински тоалет. Работен простор, модерен луксуз и плазма телевизор од 42 инчи се дел од секоја соба.