Уметникот Daniele Barresi е наградуван дизајнер кој наместо во дрво или мермер, изработува резби во овошјето или зеленчукот, претворајќи ги во уметнички дела. Користејќи неконвенционално платно, овошјето, зеленчукот, сирењата и храната која се наоѓа на секојдневното мени кај повеќето од нас, Barresi со неверојатна леснотија сече секој од различните облици и текстури, претворајќи ги во неверојатни скулптури.
Италијанскиот уметник почнал со ова како хоби на возраст од 7години, а неговата прецизност понатаму му донела неколку златни медали на разни натпревари. Како “платно” за неговата уметност овој талентиран уметник најчесто го користи авокадото, а мајстор е во дизајнирањето на лубеницата или брокулата.
Моментално својата вештина ја дели во сопственото уметничко училиште, The International School of Thai Carving (Меѓународната школа за Тајландски резба).