Совршенa за љубителите на луксузот и авантурата, Шри Ланка е прогласенa за најдобра дестинација за одмор во оваа година …
Ако припаѓате на групата луѓе кои сакаат да го откријат секој агол на светот, тогаш оваа година на вашата листа на патување, додадете ја и Шри Ланка. На World Travel Awards Asia & Australasia 2017, за време на церемонијата што се одржа во Шангај, Шри Ланка ја понесе титулата за најдобра дестинација во овој регион.
Покрај тоа, Шри Ланка e прогласена за водечка дестинација за авантуристите, а гласовите се добиени преку интернет од водечките експерти и професионалци во оваа област.
Меѓу љубителите на адреналинот, Шри Ланка е позната како идеална дестинација за сурферите и нуркачите, а може да понуди извонредни прошетки низ џунглата како и авантури со јавање на слонови и качување по ѕидови. Шри Ланка нуди прекрасни плажи, сафари и авантуристички тури. Покрај цицачите кои можете тука да ги видите, како што се слоновите, леопардите и биволите, морскиот живот на оваа дестинација е идеален да по прв пат во живо ги видите делфините и китовите.
Својот мал егзотичен свет Шри Ланка секоја година го збогатува со луксузни летувалишта и ресторани, каде што сигурно ништо нема да ви фали. Во текот на денот можете да уживате во сите авантури што ги сакате, а во текот на вечерните часови на вас чекаат хотелите, спа центрите, рестораните, клубовите и бројни природни оази идеални за релаксација.